Во Хрватска 50 новозаразени со коронавирусот и една жртва

Во Хрватска во изминатите 24 часа забележани се 50 нови случаи на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2, а еден пациент починал, соопшти во неделата хрватскиот Штаб на цивилна заштита.

Во моментов вкупно во Хрватска има 1.117 лица заболени со Covid-19, од кои 132 се на болничко лекување а три пациента се на респиратори. Во самоизолација во моментов се 4.861 лица.

Од 25-ти февруари, кога беше регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, до денеска се забележани 3.722 слуичаи на заразени, од кои 119 починале, а 2.486 оздравеле. До денеска се вкупни тестирани 93.571 лица, од кои 763 во последните 24 часа.

Хрватските здравствени власти истакнуваат дека придржувањето на сите досега донесени мерки и упатства се од клучна важност за запирање на ширењето на заразата.