Во Хрватска 65 нови случаи на заразата и тројца починати од Covid-19

Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 65 нови случаи на заразата со коронавирусот, починале уште три лица, а бројот на активни случаи во моментов е 2.220, соопшти во понеделникот тамошниот Национален штаб за цивилна заштита.

Меѓу заболените 310 пациенти се наоѓаат на болничко лекувања, од кои 22 пациенти се на распиратори.

Од 25-ти февруари, кога е потврден првиот случај на инфекција со новиот коронавирус во Хрватска, до понеделникот регистрирани се вкупно 13.598 зарази, од кои со смртен исход завршиле 227 случаи, а 11.151 пациенти заздравеле.

Во самоизолација во моментов има 8.217 лица. Досега во Хрватска вкупно се тестирани 225.014 лица, од кои 3.180 во последните 24 часа.