Во Хрватска 70 нови случаи на коронавирусот и пет починати

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 70 нови случаи на зараза со коронавирусот, пет лица починале, а бројот на активните случаи изнесува 2.002, соопшти во понеделникто Националнито штаб за цивилна заштита.

Во моментов на лекување во хрватските болници има 297 пациенти, од кои на респиратори се 24 лица.

Во последните 24 часа тестирани на Covid-19 биле 3.268 лица, заздравеле 201 пациент, а во самоизолација во моментов има 9,159 лица.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е регистриран првиот случај на коронаинфекција, потврдени се вкупно 14,992 лица заразени со вирусот, од кои 253 починале. Вкупно досега оздравеле 12.737 лица.