Во Хрватска евакуирани 15 илјади лица

Еден починат, двајца исчезнати и 15 илјади евакуирани лица е билансот во Хрватска од поплавите се кои се соочува државата, пренесува Хрватската радио-телевизија.

Според нивните информации во евакуирани се околу 15 илјади лица од Рачиновац, Гуње, Бошњак, Врбац, Дреновац, а додека пак првата жртва и двајцата исчезнати од елементарната непогода се во Рајево Село.

Во поединечни делови на Славноски Брод, евакуирани се 400 лица, на кои им се закануваат поплави од надојдената Сава.

Поради напукнувањата на мостот, синоќа беше затворен граничниот премин Козарска Дубица, меѓу Хрватска и БиХ.

Во изминатиот период затворени беа и граничните премини Босански Шамац, Брчко и Орашја, меѓу Хрватска и БиХ, како и два гранични премини меѓу Србија и БиХ.

Во моментов се работи на зајакнување на насипите долж реката Сава, а најзагрозено е подрачјето од Славонски Кобаш до Салвонски Шамац.

Во акциите за спасување учествуваат стотици припадници на хравтската војска, Црвениот крст и полицијата.