Во Хрватска над 2.300 новозаразени, втор ден со ред нов рекорд на починати од Covid-19

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 2.378 нови случаи на заразата со коронавирусот а починале 23 пациенти, најмноги од почетокот на епидемијата во оваа земја, извести во средата Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на почините е поголем во однос на претходното деноноќие, кога исто така беше забележан црниот рекорд според бријот на смртните случаи од 18.

Бројот на активните случаи во Хрватска моментално е 12.736 лица, а меѓу биве се 932 пациент кои се на болничко лекување. Од нив, на респиратори се 68 пациенти.

Од 25-ти февруари, кога во Хрватска е потврден првиот случај на заразата со новиот коронавирус, досега се регистрирани 40.999 лица заразени со вирусот, од кои 493 починале како последица на компликациите предизвикани од него.

Вкупно од Covid-19 во Хрватска досега оздравеле 27.779 лица, од кои 930 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов ширум земјата се 14.924 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.