Во Хрватска не е забележан ниту еден случај на сезонски грип

Во Хрватска се уште не е забележан ниту еден слуај на сезонски грип, иако почна сезоната, а минатата година во истиот период беа регистрирани 134 случаи, објави хрватскиот весник Јутарњи лист.

Минатата година во Хрватска до крајот на сезоната на грип беа регистрирани 59.725 случаи, што е просечна бројка.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на болестоите (ЕЦДЦ) се уште не е забежани ниту една хоспитализација поради грипот во 55 европски земји, во 30 држави се пријавени активности во почетна фаза, а има пет извештаи за низок интензитет, а 29 држави не пријавиле никаква активност на грипот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.