Во Хрватска од денеска построги eпидемиолошки мерки

Во Хрватска од денеска стапуваат во сила построги епидемиолошки мерки кои ги најави Кризниот штаб поради наглото зголемување на заразени во последните денови.

Според новите правила, задолжително е носење маски во продавници, јавниот превоз, медицинските установи …

Маски ќе мора да носат и вработените во кафулиња и ресторани.

Во однос на организирањето настани со повеќе од 100 учесници, се воведуваат повеќе правила што се однесуваат на посетителите, носење маски, во врска со храна и пијалаци, хигиенски услови и слично. Забрането е и ракување, прегрнување и бакнување.

Од саботата почна примената на построги мерки на границите, односно за сите граѓани на земји кои не се членки на ЕУ задолжителен е негативен тест за коронавирус не постар од два дена, или задолжителна 14-дневна самоизолација.