Во Хрватска отворена истрага против полицајците кои тепаа мигранти

56

Хрватското државно обвинителство нареди истрага против припадниците полициски сили, кои беа снимени како тепаат мигранти на нрватско-босанската граница, поради сомневање за сторено кривично дело нечовечко и сурово постапување.

На тројцата сторители им се заканува затворска казна до 10 години, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

-Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ – објави окружниот државен обвинител, Вера Магдиќ-Бижановиќ.

Се наведува дека станува збор за кривично дело малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за што е предвидена затворска казна до 10 години.

Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепале мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.