Во Хрватска починаа 68 лица и нови 3.995 случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.995 нови случаи на коронавирус, а од последиците на вирусот починаа 68 лица.

Вкупно 2.427 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 262 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 143.370 лица заразени со коронавирус, од кои 2.032 починале, вкупно се излекувале 117.148 лица, од кои 3.639 во последните 24 часа.

Вкупно се тестирани 790.883 лица, од кои 10.626 во последните 24 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.