Во Хрватска расте бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19

Во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 3.162 новозаболени лица од Ковид-19 и 23 смртни случаи.

Последен пат беа регистрирани над 3.000 новоинфицирани во април. Изминатите две недели дневно беа забележани околу 2.000 нови случаи.

Во Хрватска активни се 11.995 случаи од кои 939 се хоспитализирани, а 131 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска регистрирани се 433.136 заразени и 8.951 смртни случаи.

Во Хрватска 52,08 проценти од возрасното население примиле две дози вакцина против Ковид-19, а 46,20 отсто една доза.