Во Хрватска ситуацијата е алармантна – прометот им паднал за 60 отсто, две недели по отворањето на угостителските објекти

Потрошувачката во хрватските ресторани во последните две недели паднала за околу 60 отсто во споредба со истиот период лани, јавува хрватски Индекс.

Угостителсите објекти кои таму беа затворени од 19 март до 11 мај и по отворањето имаат многу мал промет.

Според податоците од 11 до 24 мај оваа година во фискализирани се вкупно околу 328 милиони куни (околу 43 милиони евра) додека од 13 до 26 мај минатата година прометот бил 874 милиони куни (115 милиони евра).

Според хрватските угостители, рестораните ги отвориле во големи минуси, а најголеми загуби очекуваат во следниот месец. Велат дека не гледаат друг излез од кризата освен преку кредити и позајмици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.