Во Хрватска трет ден нема новозаболени, ќе има и свадби

41
Властите во Хрватска соопштија дека и денеска нема новозаболени од Ковид-19, па одлучиле да попуштат некои мерки, пренесе Index.hr.
„Бројот на новозаболени во Хрватска во последните 24 часа е 0, па вкупниот број заболени изнесува 2.244“, се вели во соопштението.
До сега тестирани се 64.266 лица, од кои  584 во последните 24 ласа. Во болница се уште 38 пциенти, од кои шест на респиратор. Вкупниот број оздравени е 2.047, со еден оздравен во последниот ден. Вкупно во Хрватска од Ковид-19 починаа 101 пациент.
Донесени се нови одлуки за прекин на забраната за групирање, одржување погреби и свадбени свечености.
Се укинува забраната за јавни настани и собири со повеќе од 40 лупе и од денеска бројот на луѓе кои може да бидат присутни на едно место на јавен настан се одредува според насоките на Јрватскиот завод за јавно здравство.
Спортски натпревари може да се одржуваат без присуство на публика, од 30 мај надвор, а од 13 јуни и во сали.
При последно испраќање на најблиските, при погреби и одлагање урни дозволено е присуство и на други луѓе, а не како до сега само најблиските и свештено лице.
При склопување брак се дозволува присуство и на други луѓе освен младоженците и сведоците. Воедно се укинува забраната за одржување свадби.
Сепак, се нагласува при сите собири се очекува да се внимава на противепидемиските мерки, носење заштитна опрема и често миење на рацете, како и држење растојание.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.