Во Хубеи бројот починати од коронавирусот се зголеми на 699 лица

Бројот на починати од пневмонија предизвикана од новиот тип коронавирус во централната кинеска покраина Хубеи порасна на 699, соопшти во саботата по локални време регионалната комисија за здравство.

Во петокот утрото властите известија за 619 починати во Хубеи и 636 во цела континентална Кина. Во текот на петокот во покраината починале 81 заболени, со што вкупниот број на поинати во Кина достигна 720 луѓе.

Во соопштението се наведува и дека бројот на заразените во Хубеи во саботата утрото по локално време бил 24.953 пациенти, зголемувајќи се за едно деноноќие за повеќе од 2.800 лица.

Како што се наведува натаму во соопштението на комисијата, вкупно 1.115 пациенти биле излекувано и отпуштени од болниците во Хубеи, а во еден ден оваа бројка се зголемила за 298 лица.

Кинеските власти на 31-ви декември пријавија во Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека во Вухан, 11-милионска престолнани на провинцијата Хубеи, е регистрирана епидемија на пневмонија предизвикана од новиос сој коронавирус 2019-nCoV. Покрај во Кина, болеста досега е регистрирана во 24 држави во светот.