Во Хубеи уште 91 жртва на коронавирусот, вкупно 871

(AP Photo/Eugene Hoshiko)

Бројот на починаите од пневмонија предизвикана од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи во текот на последното деноноќие се зголмил за 91 лице, со што бројот на жртвoте достигна 871, соопшти во понеделникот тамошната комисија за здравство.

Во покраината Хубеi се регистрирани 2.618 нови случаи на зараза, од кои 1.921 во градот Вухан, епицентарот на епидемијата од новиот сој коронавирус 2019-nCoV. Бројот на заразените во Хубеи е 29.631 човек, а од болниците биле отпуштени 1.795 пациенти, од кои 356 во неделата.

Со тоа бројот на заразените во континентална Кина во моментов надминува 39.800, а 904 луѓе подлегнаа на забoлувањето. Вкупно во Кина од болеста закрепнаlе повеќе од 3.000 пациенти.