Во игротека гости нападнале келнер оти им рекол дека не ги почитуваат мерките

75

Келнер бил физички нападнат од гости на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи за работа на угостителски објекти, соопштија денеска од СВР Куманово.

Настанот се случил вчера во игротека во кумановската населба „Гоце Делчев“.

-Во 16: 30 часот во СВР Куманово, Б.З.(26) од Куманово пријавил дека на 10.01.2021 во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се одржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. – организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата. Според пријавувачот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти, соопшти СВР Кумново.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.