Во името на интересите Рашковски не смеат да го казнат-Димитриевски мораше да го казнат и омаловажат, а за здравјето здравје

Вчера објавивме фотографии како генералниот секретар на Владата Драги Рашковски како пазарува во продваница без маска, иако се уште на сила е вонредната состојба. Во Владата никого не го загрижи шетањето на Рашковски без маска, ниту, пак, најизвиканиот министер Филипче кој беше многу ревносен во случајот со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и предложи да се казни затоа што на своја рака си го проверувал здравјето, односно дали е позитивен или негативен на коронавирусот.

На заедничката видео прес-конференција со министерот за здравство рече дека инспекцискиот надзор покажал неколку прекршувања во Куманово.

Па така беше кажано дека ќе треба да плати прекршочна казна од 300 до 600 евра, бидејќи инспекцискиот надзор на ДЗСИ, покажал неколку прекршувања во Куманово.

Директорката Иринка Сотирова Бухова на прес-конференција истакна дека лицето М.Д. и уште едно лице иако добиле препорака за домашно лекување, го напуштиле домот.

-Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г.,  како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.

Брзо се реагираше со кумановскиот градоначалник кој е и раководител на Кризниот штаб во Куманово, кој беше дециден и бараше вонредна состојба, карантин, за неговиот град, бидејќи коронавирусот се ширеше енормно, но Владата не му излегуваше во пресрет. Димитриевски беше упорен и во име на Кризниот штаб беше чест гостин во меидумите и ја актуелизираше лошата ситуација во Куманово, но не му веруваа и не го слушаа.

По сите прозивања владиниот тим предводен од техничкиот премиер Оливер Спасовски, потоа потпретседателот на Владата Бујар Османи, министерот Филипче и други, закажа посета на Куманово. По обиколката на медицинските капцитети одржаа заедничка прес-конференција со Кризниот штаб. Но посакуваниот маркетинг се претвори во кошмар кога градоначалникот обелодени дека е позитивен на Ковид-19.

Ова беше дирекетен повод за напад на градоначалникот од Владата и министрите, затоа што не ги известил дека е позитивен. Димитриевски беше уште подиректен и ги обвини владините служи за лошо организираната прес-конференцијата. Ова за Владата и за министрите беше жешка шлаканица, па веднаш му упатија инспекциски надзор и го казнија.

Сепак, овој случај откри дека и преку епидимијата СДСМ се пресметува со своите членови кои сакаат професионално да си ја завршат работата, но и очигледно се трн во окото на лидерот Заев.

Димитриевски на нему својствен начин се избори за водечка личност на СДСМ во Куманово, а потоа да стане и градоначалник. Дисцплината, професионалноста и се поголемата популарност на некого не му се допаѓаат, бидејќи им ги загрозува позициите. Дури испадана сомонителна и целата ситуација со неговата позитивност на Ковид-19. Само еден тест ( на 12 април) му беше позитивен а останатите негативни.

Точно, тој је прекрши мерката, ама докажа дека е здрав и дека некој го мести.

– Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне, напиша Димитриевски на Фејсбук.

За разлика од Димитриевски, Рашковски максимално се толерира. По истата логика и генералниот секретар може да е преносител на вирусот и да ја зарази целата Влада. Можеби ова ќе и „најмалиот грев“ на Рашковски, иако од принципиелност не е за занемарување, бидејќи тој е свесен за постапките, а можеби е и еден од креаторите на овие мерки кои важат за сите но не и за него.

Генералниот секретар на Владата е вмешан во неколку афери кои се уште не се расчистени, а има и отворени писма на вработени кои се жалат на мобинг.

Во името на здравјето Димитриевски повикуваше на правовремени мерки од страна на Владата, но немаше кој да го слушне, затоа Куманово беше едно од најголемите корона-жаришта во земјава. Додека во името на здравјето Рашковски продава моќ и влегува во продавница без маска. Прашање е до кога ќе се толирира неговото непочитување на владините мерки, или тие важат „само за обичните смртници“.

Кога ќе се сложат аргументите заклучокот е дека Рашковски е директна инсталација на Заев, впрочем и двајцата се од Струмица, за да ги штити интересите на лидерот на СДСМ во секаква смисла – бизнис, политички, кадровски. Лично тој нема политички предиспозиции и повеќе сака да делува од втор план, што е голема сигурност за Заеви.

Од друга страна, Димитриевски во политиката влезе громогласно со своја самопожртвуваност и по полека се наметнуваше како еден од водечките политичари во СДСМ со карактерни особини. Често пати и со различни мислења од врвот на партијата. Како таков, е виден како голема опасност за Зоран Заев, но и за министерот Филипче.

Значи, Рашковски е привелигиран и за него не важат законите, затоа што му ги штити интересите на Заев, а, нормално, од тоа има голема полза. Додека Димитриевски му ги загорзува политичките од кои зависат и другите интереси на Заев, заради што брзо е казнет и омаловажен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.