Во инфаркт завршница Вардар славеше против Еурофарм Пелистер за Купот на Македонија

Ракометниот Куп на Македонија за оваа сезона во машка конкуренција го освои скопски Вардар откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со 23-22.

По првите пет минути во првото полувреме се играше изедначено. Вардар на два ппати водеше, Еурофарм Пелистер успеваше да изедначи.

Битолчани прв пат во водство дојдеоа во 7 минута со 3-2, но лидерот на табелата дојде до изедначување веќе во следниот напад.

Томовски бранепе, Талевски погоди за ново водство со 4- 3 во 9.минута.За прв пат Вардар со голот на Геоергиевски во 14 минута дојде до два гола разлика 6-4.

Талевски и натаму продолжуваше да ја полни мрежата на Пелистер и во 16 минута, скопскиот тим водеше со 7-4 во 16. минута.Додиќ ја продолжи серијата на Вардар каде веќе предноста отиде на +4 , односно 8-4. Серијата на Вардар ја прекина Ојлевски со голот во 19.минута за 8-5, за потоа Граџан да намали на  8-6.

Кризата на Вардар продолжи со уште едно промашување за да потоа тимот од Битола намали на 8-7 вп 22.минута.Имаа шанса за изедначување пелистерци во 24 ,минута, но не го искорстија тој напад. Во вториот обид стигнаа до 8-8 со голот од контра на Маџовски.

Не само Пелистер што стигна поведе и со 9-8 во 25 минута. Радовиќ за 10-8 и продолжување на лошиот период на Вардар без гол скоро 10.миути. Во 27 .минута нов гол за Еурофарм Пелистер за 11-8 ,по што Давид Дејвис го повика првиот тајм аут на натпреварот.Битолчани не застанаа , за да во финишот со погодокот на Обрадовиќ дојдат до 12-8, резултат со кој се замина на пауза

На стартот од вториот дел и двете екипи постигнаа по еден гол за во 32.минута резултатот беше 13-9 за Битолчани.

Еурофарм Пелистер дојде и до пет плус на два пати 15-10 и 14-9. Но со головите на Ѓукиќ резултатот остануваше на плус четири до 36.минута.

И по трет пат со погодокот на Граџан, Еурофарм Пелистер има предност од плус пет,сега 16-11.Њокас намали на 16-13 во 40.минута.

До 45.минута се играше гол за гол и Еурофарм Пелистер ја одржуваше предноста од 4 до 5 погодоци разлика поточно до тој момент 19-14.

Ѓукиќ погоди од пенал за 19-15, но на другата страна пак Граџан враќа за плус пет во 47 минута.Моменти на Вардар и во 49.минута преку Дибиров од пенал доаѓаат на минус три или поточно 20-17. Талевски со нов гол ја враќа неизвесноста во 50.минута и намалува на 20-18. Вардар имаше можност да дојде и до минус еден, но ударот на Дибиров го одбрани Секељи.

Потоа стигна казната преку Радовиќ за 21-18 во 51.минута.Вардар одново имаше шанса во 53.минута да дојде до минус еден , но направија нова грешка и ја пропуштија и  оваа можност.Но следниот напад Талевски со гол ја враќа неизвеснота до 54.минута за 21-20 за Пелистер.

Со голот на Стоилов Вардар на три ипол минути до крајот пак доаѓа на минус еден 22-21.Еурофарм Пелистер пак прават грешка, за да Дибиров изедначи на 22-22 по подолго време во 57.минута.

Ново промашување и панса за Вардар во 58.минута да дојде по подолго време во водство, но Њокас промаши поточно Секељи одбрани. Меч топка имаа Пелистерци, не ја искористија и топката заврши во аут, на 18 секунди до крајот по кој Давид Дејвис повика тајм-аут

.Голот за победа го постигна Талевски за конечни 23-22 за Вардар и нов пехар во најмасовното натпреварување.

foto:gol.mk