Во Ингушетија најден гробот на Доку Умаров (ФОТО)

Гробницата во којашто е положено телото на водачот на севернокавкаските исламистички милитанти Доку Умаров, ликвидиран во 2013 година, е пронајдена во руската кавкаска република Ингушетија, соопшти во четвртокот Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Претходно телевизијата РЕН објави дека телото на Доку Умаров, наводно е откриено во планинските делови на Ингушетија. Според информациите на телевизијата, останките на своевремено еден од најбараните терористи и на неговите телохранители биле пренесени во Москва за испитување и прецизна идентификација на лицата.

„Во шумско-планинскиот регион на Република Ингушетија е пронајден гробот на лидерот на разбојниците на Северен Кавказ, Доку Умаров и четири припадници на неговата банда, ликвидирани во рамките на специјалната операција на безбедносните сили во септемви 2013 година“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Во април 2014 година беше потврдено дека припадниците на ФСБ го ликвидирале еден од водачите на исламистичките милитанти на Северен Кавказ, и лидер на меѓународната теористичка организација ткн „Емират Кавказ“, Доку Умаров. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров уште во декември 2013 година тврдеше дека Умаров е „одамна мртов“.

По смртта на Шамил Басаев, Доку Умаров стана „терористот број 1“ и стоеше за многи терористички акти, а особено ја презема одговорноста за експлозијата на „Невски експрес“ возот кој ги поврзува Москва и Санкт Петербург во 2009 година, експлозијата во московската подземна зжелезница во март 2010 и за експлозијата на московскиот меѓународен аеродром Домодедово во јануари 2011 година во кои загинаа повеќе десетици луѓе.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.