Во Институтот за судска медицина се идентификуваат телата на загинатите, објавени имињата на повредените

Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.

Четири лица од хоспитализираните се во критична состојба, а сериозна е состојбата и на уште две лица во Ургентниот центар.

Нови информации околу повредените вечерва нема да има, туку утре сабајле, бидејќи во тек е процесот на лекување, напомена министерот.

Речиси два часа Филипче заедно со министерот за внатрепшни работи Оливер Спасовски и и вицепремиерот Бујар Османи беше во ГОБ „8-ми Септември“ во посета на повредените.

Пред скопската Градската општа болница „8-ми Септември“ директорот на болницата Христијан Костов доцна вечерта ги читаше имињата на повредените патници во сообраќајната несреќа кои не се во животна опасност.

Станува збор за 32 повредени лица од кои четворица се во критична состојба и се на интензивна нега, сите други се во добра состојба во траума одделот, соопшти директорот Костов.

Никола Kаранфиловски, Мерсем Незири, Есад Емрули, Јасмина Стојанова, Амети Бетим, Антонио Антониевски, Алајдин Шабани, Душан Стефановски, Љујзим Далипи, Мануил Трифуновски, Мухамед Шишко Ѓузим, Верица Сојанвовска, Серије Мустафи, Аличе Узеир, Горан Наумовски, Демира Али, Седа Јусуфи, Јетон Исмаили, Вјлоца Ибраими, Халид Усеини, Мичи Фекири, Јасин Сејфули, Фикрие Стефан, Јована Граматникова, Абаз Касами Ферди, Илија Ристовски, Дилала Алили, Абдул Исмаили, Лујан Алили…

Костов соопшти дека во болницата се починати пет лица, од кои четворица мажи и една жена, но тие сѐ уште не се идентификувани. Семејствата и роднините на настраданите се обидуваат да дознаат повеќе информации за состојбата на нивните блиски.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, исто така, рече дека сите четири операциони сали се подготвени и дека таму ќе се извршуваат потребните интервенции на повредените. Најави дека наскоро дека ќе излезе со нови податоци за состојбата на повредените.

Пред влезот на Градската болница има бројни полициски екипи и забранет е пристап внатре во болницата за да му се овозможи на медицинскиот персонал непречено да ја извршува работата.