Во Ирак уапсен еден од челниците на Исламската држава

 

Припадниците на Националната агенција за разузнавање и истраги при ирачкото министерство за внатрешни работи уапсиле еден од командатите на вооружена група дел од ултрарадикалната сунитска теерористичка групација Исламска држава, пренесе телевизијата Al Sumaria повикувајќи се на безбедносните служби.

Како што се прецизира во извештајот, уапсениот е Абу Али ал-Џамили кој во хирерархијата на џихадистичката мрежа бил позната како „гувернерот на Фалуџа“, ценатор на бунтот на сунитските радикали во Ирак. По него ирачките безбедносни сили трагале подолго време бидејќи е осомничен за планирање и изведување терористички напади. Според ирачките безбедносни сили, во 2005 година тој се приклучил терористичката мрежа Ал Каеда, потоа бил уапсен и осуден на 15 години затвор, но во нејасни околности бил ослободен во 2011 година

По излегувањето од затворот, ал-Џамили учествувал во форирањето на вооружените групи на Исламската држава, којашто во 2014 година прогласи дека се отцепува од Ал Каеда којашто ја обвини за недоволно радикалност и воинственот. Ал-Џамили извесно време војувал и изведувал терористички акции во соседна Сирија, а потоа се вратил во Ирак и на териториите коишто ги контролираше Исламската држава во хиерархијата на џихадистите бил прво назначен за „заменик гувернер на Мосул“ а потоа за „гувернер на Фалуџа“.

Ирачкото министерство за внатрешни работи истакнува дека е потврдено дека ал-Џамили веќе признал дека извршил десетици терористички напади, вклучително и врз безбедносните сили на земјата.

Милитантите на Исламската држава во ненадејна широка офанзива во летото 2014 година заземаа повеќе од една третина од територијата на Ирак, а потоа со заземање територии во Сирија прогласи својот „калифат“. Во 2015 година со поддршка на меѓународната колиција, силите на владата во Багдад започнаа голема операција за ослободување на областите кои беа под контрола на добро вооружените милитанти, на кои им се приклучија и џихадисти од целиот свет.

Во декември 2017 година, ирачките власти прогласија дефинитивен пораз на Исламската држава. Тамошните безбедносни служби продолжуваат со операциите во различни делови од земјата со цел да ги откријат и уништат прикриените терористички ќелии, чиишто милитанти спорадични зиведуваат напади какко врз припадниците на војската и полицијата, така и врз цивилни цели особено на шиитското мнозинство.