Во Ирак уапсен и вториот осомничен за убиството на турскиот конзул

Властите на Ирачки Курдистан соопштија во саботата дека го уапсиле вториот осомничен за нападот и убиството на турскиот дипломат во Ербил, пренесе локалниот телевизиски канал Rudaw

Во средата беше извршен атентат во ресторан во главниот град на ирачката ппокраина Ирачки Курдистан, во кој биле тројца службеници на турскиот конзулат во Ербил. Министерството за надворешни работи на Турција ја потврди смртта на еден од службениците во дипломатската мисија, вицеконзулот Осман Косе. Покрај тоа, во нападот во кој учествувале три лица, загинаа уште двајца ирачки државјани.

„Обвинетиот за извршување на терористичкиот чин… Мохамед Бискезис е ауспен во саботата“, пренесе телевизискиот канал повикувајќи се на антитерористичката служба на курдските власти во покраината.

Претходно во саботата регионалните власти објавија дека го уапсиел главниот осомничен за убиствата, кого го идентификуваа како извесен Мазлум Даг, без притоа да наведат поединости.

И покрај тоа што Ирак и Турција имаат воспоставено дипломатски односи, дијалогот меѓу двете соседни земји е облежан со деценески тензии, особено поради курдското прашање.

Ербил е главниот град на Ирачки Курдистан, покраина во состав на Ирак која има статус на широка автономија, и кој се стреми кон отцепување. Анкара повеќепати остро реагираше на најавите за прогласување независност на Ирачки Курдистан, кој би можел да се спои со териториите кои се под контрола на сириските Курди на самата турско-сириска граница, кои исто така еднострано прогласија автономија која официјален Дамаск не ја признава.