Во Ирак уапсен заменикот на убиениот лидер на џихадистите ал-Багдади

Уапсен е заменикот на ликвидираниот водач на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД), Само Џамис, кој би одговорен за финансиите на џихадистичката мрежа, објави во понеделникот на Twitter ирачкиот премиер Мистафа ал-Казими.

Како што истакнува ирачкиот премиер, „додека безбедносните сили го обезбедуваа (парламентарните) избори, нивните колеги од разузнавањето ја спроведоа една од најсложените операции за апсење на одговорниот за финансиите на Исламската држава, Само Џасим, заменикот на убиениот водач на групацијата Абу Бакр ал-Багдади“.

Според ирачките медиуми, операцијата за откривање и апсење на Џасим била изведена надвор од Ирак. Но не се изнесуваат поединости за операцијата.

Ал Багдади беше убиен во операција на американските специјални сили на северозападот на Сирија во 2019 година. Американскиот Стејт департмент тогаш понуди награда за информација за локацијата за можните нови водачи на Исламската држави кои ги идентификувал, вклучително и за Џасим.