Во Ирак убиени турски дипломати

Заменикот конзул на Турција во Ербил и уште двајца дипломати се убиени во пукање во ресторан во Ербил во близина на турскиот конзулат, пренесуваат во средата медиумите повикувајќи се на ирачките безбедносни служби.

Според медиумските извештаи, засега неидентификуван напаѓач отворил оган во ресторанот, а жртви на нападот биле заменикот на генералниот конзул и двајца дипломати кои ги продружувале. Сопственикот на ресторанот рекол дека напаѓачот бил во цивилна облека, носел две оружја и оти негова цел биле турските дипломати кои ручале.

Началникот на полицијата во Ербил, Абдулах Талат, изјавил дека веднаш е започната истрага за инцидентот и потрага по напаѓачот. Поради тоа биле блокирани сите патни правци кои водат кон другите градови.

Турското министерство за надворешни работи, од своја страна официјално го потврдил загинувањето на еден службеник на дипломатската мисија. Истовремено амбасадата во Багдад не ја негирало информацијата за убиството на дипломатите, но сѐ уште официјално не издала соопштение.

И покрај тоа што Ирак и Турција имаат воспоставено дипломатски односи, дијалогот меѓу двете соседни земји е облежан со денецески тензии, особено поради курдското прашање.

Ербил е главниот град на Ирачки Курдистан, покраина во состав на Ирак која има статус на широка автономија, и кој се стреми кон отцепување. Анкара повеќепати остро реагираше на најавите за прогласување независност на Ирачки Курдистан, кој би можел да се спои со териториите кои се под контрола на сириските Курди на самата турско-сириска граница, кои исто така еднострано прогласија автономија која официјален Дамаск не ја признава.