Во Иран целосна забрана за движење поради новиот коронавирус

AppleMark

Иранските безбедносни сили ќе ги испразнат градските улици во следните 24 часа во обид да го спречат ширењето на новиот коронарнавирус, јави новинската агенција ИРНА .

Иран е една од земјите која е најмногу погодена од пандемијата на Ковид-19.

Во таа земја, според најновите податоци, евидентирани се 11.364 случаи на зараза, од кои 1289 во последните 24 часа. Од Ковид-19 во Иран досега починаа 514 лица, од кои 85 за едно деноноќие. Вкупно оздравеле 3.529 лица.