Во Иран над 32.000 лица заразени лица со Ковид-19

Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Иран се искачи на повеќе од 30.000, од кои приближно 2.400 луѓе починале, соопштија денеска иранските здраствени власти.

Според иранското Министерство за здраство во последните 24 часа во земјата се регистрирани 2.926 нови случаи, со што вкупниот број на заболени луѓе од Ковид-19 достигна до 32.332.

Во последното деноноќие во Иран починале 144 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 2.378.