Во Иран уапсени повеќе од 7.000 луѓе

Повеќе од 7.000 луѓе се уапсени во Иран за време на протестите што се проширија низ целата земја, а министерот за внатрешни работи на земјата тврди дека демонстрантите сакале да ја преземат и државната телевизија.

Хосеин Нагави Хосеини, пратеник и член на парламентарната комисија за национална безбедност и надворешни работи, рече дека за време на протестите, кои почнаа на 15 ноември, властите уапсиле 7.000 лица.

Иранскиот министер за внатрешни работи Абдолрез Рахмани Фазли ги обвини демонстрантите дека сакале да ја преземат државната телевизија но не даде докази за своето тврдење за време на интервју емитувано доцна синоќа на иранската државна телевизија.

Иран допрва треба да објави конечни статистики за протестите што избувнаа на 15 ноември, кога властите објавија дека ќе ги зголемат цените на горивата.

Амнести Интернешнл соопшти дека верува оти најмалку 143 лица загинале во насилството за време на протестите и задушувањето на демонстрациите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.