Во иранскиот напад повредени 45 отсто повеќе американски војници

Бројот на повредените американски војниц иво иранскиот напад врз воената база Аин ал-Асад во Ирак на почетокот о јануари се зголеми на 109, што е 45 отсто повече отколку што беше потврдено кон крајот на јануари, објави Пентагон.

Од 109-те војници коишто добиле „лесен потрес на мозокот“, 76 или 70 отсто се вратиле во своите единици на должност, напиша американското министерство за одбрана во извештајот објавен во понеделникот.

Пентагон претходно месецов потврди дека 64 американски војници се здобиле со контузии и потрес на мозокот во иранското гранатирање на воените бази во Ирак.

Иран ноќта од 7-ми кон 8-ми јануари ракетираше две воени бази во соседен Ирак во кои биле сместени 5.200 американски војници, што беше одговор на американскиот напад од 3-ти јануари во Багдад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Ниеден американски војник не е убиен во нападот врз воената база Аин ал-Асад, по што американскиот претседател Доналд Трамп и Пентагон објавија дека ниеден од американските војници не е повреден. Трамп особено акцентот го стави на податокот дека нема загинати американски војници, објаснувајќи ја својата одлука да нема одмазнички удар врз Иран и да се ограничи на нови санкции.

Потоа американската армија потврди дека има настрадани нејзини војници, неколкупати зголемувајќи ја бројата на повредените војници кои биле евакуирани во болници во Кувај и во Германија. Пентагон го објасни ова со фактот дека симпромите на контизиите може да не се појават веднаш и оти првичната процена за состојбата на војниците може да се разликува од конечната дијагноза.

Минатиот петок, пак, портпаролот на генералштабот на вооружените сили на Иран, Аболфазл Шекарчи, порача дека Вашингтон ќе биде принуден да ги признае тешките загуби од иранскиот напад врз ирачката воена база Аин ал-Асад.

„Ирачкиот премиер беше информиран четврт час пред операцијата, бидејќи ние не сме агресори, немаше никаква информација до Американците, тие самите беа подготвени, заеја дека ќе се соочат со одмазда. Во секој случај, им нанесовме сериозна загуба. Тие ќе бидат принудени следните денови да признаат, нема да можат да ги држат во тајност своите големи загуби“, додал Шекарчи.

Трамп, кој сака да избегне нова ескалација на непријателствата со Иран, неодамна на прашањето за повредите на американските последици рече „Слушнав дека имаат главоболка. Тоа не го сметам за тешки повреди“. Демократските противници го критикуваа дека чажел и потоа оти покажал непочитување кон повредените војници.