Во Истанбул 44 лица затруени со спанаќ

Четириесет и четири лица побарале медицинска помош во Истанбул поради сомневање за труење со спанаќ, објави турската приватна телевизија НТВ.

Се претпоставува дека труењето е резултат на хемикалија со која се обработува лиснат зеленчук за да ја задржи свежината подолго време.

Полицијата истражува каде се продава опасниот спанаќ.

Според податоците на Дирекцијата за здравство во Истанбул, 25 од пациентите кои се пожалиле веќе се пуштени на домашно лекување, а останатите 19 се уште се во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.