Во Истанбул уапсени Иранци кои планирале атентати врз Израелци

Истанбулската полиција уапсила пет ирански државјани обвинети дека се членови на група којашто наводно подготвувале атентати на израелски државјани во Турција, пренесуваат во четвртокот локалните медиуми.

Припадници на разузнавачките и антитерористичките служби упаднале во средата во станови и хотели во Истанбул во кои отседнале осомничените, и притоа им одземале дигитални документи и два пиштола со придушувачи, пишува Haberturk daily.

Истанбулската полиција засега не го коментираше случајот.

Во новинскиот извештај се наведува о дека полицијата ги испитувала осомничените, и се додава дека турските разузнавачки служби одамна ги следат наводните платени убијци.

Извештајот доаѓа по израелското предупредување од минатата седмица дека ирански агенти наводно може да изведат терористички напади врз израелски граѓани во Турција, со којашто Израел во минатото имаше одлична соработка но која беше речиси целосно урната по инцидентот во 2010 година со бродот на турските хуманитарци за помош за Палестинците кој заврши со десетина жртви.

Израел издаде предупредување против патувања во Турција, откако иранскиот претседател Ебрахим, Раиси вети одмазда по неодамнешниот атентат во Техеран во кој беше убиен висок офицер на Иранската револуционерна гарда, како и за убиството на водечкиот израелски нуклеарен стручњак пред две години. За двете убиства, Иран ги обвинува израелските тајни служби кои соработуваат со радикали на курдското и сунитското малцинство во Иран.

Објавата за апсењето, исто така, во моментот кога израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид треба да се сретне со својот турски колега Мевлут Чавушоглу подоцна во четвртокот во Анкара. Тоа е прва средба на високи политички личности од двете земји по 16 години. Дипломатите треба да разговараат за повторно именување дипломати и подобрување на соработката во сферите од енергијата до безбедноста, пренесе државната телевизија TRT..

Од кризата во палестинската енклава Газа во 2018 година, која заврши со многу жртви поради преместувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим на што се противи целиот муслимански свет, Израел и Турција ги повлекоа своите амбасадори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.