Во источна Европа близу 20 милиони заразени со коронавирусот

Во источна Европа многу скоро ќе биде повеќе од 20 милиони заразени со новиот коронавирус, според податоците кои во неделата ги објави агенцијата Reuters, додека регионот се справува со најлошото пирење на заразата од почетокот на пандемијата, а доцни спроведувањето на вакцинацијата.

Државите во источна Европа ги имаат најниските стапки на имунизација против Covid-19 на континентот, со тоа што помалку од половината на населението примиле само една доза од вакцините. Најмногу вакцинирани има Унгарија каде 62 отсто од населението примиле барем една доза, додека во Украина една доза примиле само 19 отсто од жителите, според податоците на Our World in Data.

Бројот на новозаразените во источна Европа континуирано расте и сега во просек во регионот има повеќе од 83.700 заразени во еден ден, што е најголемото ниво од ноември минатата 2020 година, покажуваат резултатите на Reuters собрани до петокот.

Иако источна Европа опфаќа само 4 отсто од светската популација, на неа отпаѓа приближно 20 отсто од новозаразените во целиот свет. Според анализата на Reuters, три од пет држави со најмногу во конкретни бројки починати од коронавирусот во светот се во источна Европа, односно Русија, Украина и Романија.

Притоа се истакнува дека во источните земји членки на Европската унија секое трето лице не му верува на националниот здравствен систем. Исто така, анкетата на Европската комисија – Eurobarometar, покажа дека барем едно од три лица во повеќето земји на истокот на ЕУ не веруват во здравствениот систем, во споредба со просекот за целата Унија од 18 отсто.

Зголемениот број собирања во затворени простори по укинувањата на епидемиолошките ограничувања резултирало со зголемување на заразените со Covid-19 во многи земји ширум Европа, изјави во четвртокот Мајк Рајан, извршниот директор за вонредни ситуации при Светската здравстена организација (СЗО – WHO).

Со зголемувањето на новиот бран, многу луѓе во источна Европа се распнати меѓу пркосот и жалењето поради невакцинирање. Стотици протестираа во бугарската престолнина Софија и во други градови против задолжителните потврди кои стапија на сила во четвртокот, дозволувајќи пристап во многи затворени јавни простори само за вакцинирање.

Во Романија на секои пет минути еден починат од коронавирусот

Повеќе од 40 отсто од сите новозаразени во источна Европа биле пријавени во Русија, каде се регистрриани 120 позитивни тестирани на секој пет минути, според податоците на Reuters. Здравствениот систем во оваа земја работи под големо оптоварување, изјави во средата министерот за здравство Михаол Мурашко. Државата во петокот извести и за рекорден број смртни исходи од Covid-19 четврти ден по ред. Но досега во Русија се вакцинирани само околу 36 отсто од жителите со една доза.

Главниот град Москва, каде што е најголема концентрацијата на жители, следната седмица ќе ги затвори сите компании, освен продавниците за неопходните проекти како што се супермаркетите и аптеките, за да се запре ширењето на болеста.

Словачка на 19-ти октомври пријав 3.480 новозаразени, што е најголем показател на дневно ниво. Земјата има една од најниските стапки на вакцинирање во ЕУ, со малку повеќе од половината од возрасната популација е вакцинирана, па тоа во земјата со 5,5 милиони жители придонело за побрзо ширење на заразите отколку во некои соседни земји.

Во Романија болнциите се преоптоварени до критична точка, а болничките кревети за итните случаи целосно се заземени ширум земјата. Мртовечниците, исто така, се преоптоварени. Земјата во вторникот извести за рекордниот број дневни смртни случаи и заразеи со коронавирусот. Поради вирусот, во просекот во октомври умира еден пациент на секои пет минути во земјата која има втора најниска стапка на вакцинираност во ЕУ.

Украина во петокот втор ден со ред заележа рекорден број заразени со коронавирусот, и смртни исходи поврзани со заразите. Исто така, продолжена е вонредната состојба којашто на властите им овозможува да воведат ограничување до крајот на годината за да ја сузбијат епидемијата.