Во Италија 853 починати од коронавирусот, најмногу од крајот на март

Италија во вторникот извести за нови 853 починати како последица од компликациите кои ги предизвикува новиот коронавирус, наспроти 630 во понеделникот и ова е најголемата бројка на смртни исходи од коронаинфекциите од 28-ми март.

Италијанското министерство за здравство на вообичаениот вечерен брифинг, исто така, извести дека во последните 24 часа биле потврдени нови 23.232 случаи на заразата, што е повеќе од 22.930 во понеделникот. Во пресекот од понеделникот кон вторникот изведени се 188.659 тестирања наспроти 148.945 тестирања во пресекот за претходните 24 часа.

Италија беше првата западна земја која беше тешко погодена од коронавирусот уште во февруари и каде што починаа досега 51.306 луѓе од избувнувањето на епидемијата во февраури и го има вториот највисок показател во Европа по Велика Битанија.

Последните денови во Италија има најмногу починати од коронавирусот во Европа, но забавуваат бројките на хоспитализациите во болниците и на одделите за интензивна нега. Додека вториот бран во земјата забрзуваше во првата половина на ноември, бројот на примените во болниците се зголемил за околу 1.000 дневно, а на интензивна нега околу 100 дневно.

Регионото Ломбардија и натаму е најтешка погодена област со 4.886 новозаразени во вторникот. Централниот регион Лацио, околу главниот град Рим, извести за вториот најголем број денеска, од 2.509 новозаразени.