Во Италија денес 1.597 новорегистрирани лица со Ковид-19

26

Во изминатите 24 часа, во Италија се регистрирани 1.597 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Министерството за здравство наведува дека бројот на новозаболени лица во Италија е поголем од 1.000 на дневно ниво повеќе од седум дена. Од почетокот на пандемијата, во оваа земја регистрирани се 283.180 случаи на инфекција.

Регистрирани се 35.798 активни случаи во земјата, а во единиците за интензивна нега има 164 пациенти, од кои 14 во изминатите 24 часа.

Во истиот период починале уште 10 пациенти, со што вкупниот број се зголеми на 35.587.

Институтот за високо здравје изјави дека иако бројот на нови случаи е сличен на податоците од февруари, епидемиолошката состојба е сосема поинаква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.