Во Италија денеска 683 починати од коронавирусот, вкупно 7.503

47

Бројот на починати од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 683 и сега изнесува 7.503 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Италија денеска бележи пад на бројот на жртвите во однос на вчера, кога починаа 743 лица.

Во соопштението на Агенцијата се додава дека во Италија има вкупно 74.386 заразени со Ковид-19.

Директорот на Агенцијата, Анџело Борели денеска не присуствуваше на прес-конференцијата, бидејќи имал температура и во тек е негово тестирање на новиот вирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.