Во Италија над 200.000 заразени со коронавирусот, речиси 400 нови починати

ANSA / MATTEO BAZZI

Бројот на новозаразените со коронавирусот во Италија во вторникот мина 200.000, додека бројот на починатите се зголеми за нови 382 регистрирани во последните 24 часа, соопшти на редфовната дневна прес-конференција Агенцијата за цивилна заштита.

Со новите 382 смртни исходи од Covid-19, Италија досега забележала 27.359 починати луѓе.

Севкупно заразени од избувнувањето на епидемијата во земјата, заразени се 201.505 лица, а во последното деноноќие е забележан раст од 1,05 отсто во однос на претходниот ден. Паднал бројот на пациенти на интензивна нега, за 93 на 1.863 луѓе, како и бројот на активните случаи кој се намалил за 608, на 105.205 случаи.

Италија е една од најпогодените земји во светот од коронавирусот. Единствено САД бележат повеќе починати, а само САД и Шпанија имаат повеќе заразени лица.

Меѓутоа, ширењето на коронавирусот во Италија забавува од крајот на март, а владата во неделата објави дека од 4-ти мај ќе започне со ублажување на рестриктивните метри.

„Преземавме некои мали чекори нанапред. За некои тоа не е доволно, но не можеме повеќе во овој момент“, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте во текот на посетата на провинцијата Лоди, една од локациите каде што вирусот прво се појави во Италија.

Конте одговори на незадоволството на дел од населенеито околу владините планови за отворање на економијата, коишто ги сметаат за нејасни и недоволни.

Италијалнсиот премиер додаде дека владата презема „вкалкулиран ризик“ со тоа што следниот понеделник ќе дозволи враќање на работните места за околу 4,5 милиони луѓе, но дека е преризично во овој момент да бидат отворени и училиштата, кои според планот треба да започнат со работа дури во септември.

На почетокот од мај ќе бидат ублажени и мерките за изолација, на на граѓаните ќе им биде дозволени подолго да вежбаат надвор од домовите, да ги посетуваат роднините и своите партнери.