Во Италија нови 756 смртни случаи од коронавирусот, но пад втор ден по ред

24 Marzo 2020. Ansa/Andrea Canali

Бројот на починатите од коронавирусот во Италија во неделата се зголеми за уште 756 смртни исходи, објави Агенцијата за цивилна заштитa, што е втор ден со ред бројот на починатите да е во пад, а неколку дена по ред паѓа и бројот на новозаразените.

Ширењето на коронавирусот во Италија во неделата покажува многу благо забавување, трет ден по ред, според официјалните бројки кои говорат за вкупно 10.779 мртви и 97.689 случаи на зараза.

„За жал, денеска бележиме 756 нови смртни случаи. Вкупниот број лица кои оздравеа е 13.030“, објави на редовната вечерна прес-конференција, шефот на Агенцијата за цивилна заштитa, Анџело Борели, пренесува агенцијата Ansa.

Самиот Борели се врати на работното место по кусата пауза. Тој беше подложен на тест на коронавирусот, кој бил негативен.

Бројот на новите случаи на зараза опаднал за 5,6 отсто во последните 24 часа, што е пад трет последователн ден. Вкупниот прој потврдените случаи на заразата со коронавирусот во неделата се искачи на 97.689 од претходните 92.472 лица.

Во Италија е забележана третина од смртните исходи како последица на Covid-19 во светот, а најмногу жртви беа регистрирани во петокот кога починаа 919 лица. Во саботата имаше 889 смртни исходи.

Уште еден позитивен знак кој го истакнува Агенцијата за цивилна заштита е многу малиот раст на бројот на хоспитализираните пациeнти со симптоми, како и оние кои се сместени на интензивна нега.

Повеќе од 662.700 луѓе во светот се заразени од коронавирусот, а починале 30.751 лица, покажуваат податоците собрани од агенцијата Reuters во неделата вечерта.