Во Италија од 100 Албанци 38 имаат добиено италијанско државјанство

Од 100 албански емигранти кои живеат и работат во Италија, 38 добиле италијанско државјанство.

Албанците се рангирани на второто место по бројот на добиени италијански државјанства, меѓу 200-те странски заедници кои живеат во Италија.

-Според претседателот на италијанскиот национален институт за статистика,ИСТАТ, Карло Блангиардо до 31 декември 2018 година во Италија живеат 5.255.000 странци со регулиран престој.Оваа бројка е зголемена за 400 отсто во однос на бројот на странци пред 10 години во Италија и 111.000 повеќе отколку во 2017 година,наведува тиранската телевизија Ора њуз.

Најновите податоци на италјанскиот институт за статистика, во оваа земја живеат 441.000 албански емигранти или 8,6 отсто од вкупниот број странци и се на второ место по Мароканците по бројот на добиени државјанства.

Околу 1.340.000 странци добиле италијанско државјанство при тоа 12,6 отсто од нив се Албанци,додека 13,7 отсто Мароканци.

Претседателот на ИСТАТ, исто така, информирал дека има 3,7 милиони емигранти од земји кои не се членки на ЕУ, на кои им била дадена дозвола за престој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.