Во Италија починаа 753 лица од корона за 24 часа

Во Италија во последните 24 часа починале 753 лица кај кои имало позитивен тест за коронавирусот, објави Министерството за здравство.

Бројот на мртви е поголем од вчера, кога беа регистрирани 731 смртни случаи.

Според податоците на Министерството, во Италија, 34.283 лица биле тестирани на вирусот во последните 24 часа, во споредба со вчера, кога беа регистрирани 32.191 случаи на заразени за еден ден.

Во Италија денес биле тестирани 234.834 лица, а вчера 208.458 лица.

Министерството додава дека 1,27 милиони луѓе се заразени во Италија од почетокот на пандемијата „Ковид 19“, од кои досега 47,217 починале.

Италија беше првата земја во Западна Европа погодена од епидемијата на коронавирусот.