Во Италија починаа уште два пациента, нови случаи во Шпанија и Британија

228
25 February 2020. ANSA / Matteo Bazzi

Во Италија починаа уште две лица заразени со коронавирусот Covid-19, со што бројот на смртните случаи во оваа земја се искачи на 14, а нови случаи на заразата се забележани и во Шпанија и во Велика Британија, јавуваат во четвртокот агенциите.

Началникот на службата за цивилна заштита во Италија, Анџело Борели, изјави за новинарите дека властите сѐ уште мора да ја почекаат потврдата дека коронавирусот е причина за смртта на двете споменати лица.

Бројот на заразените во Италија се искачи во четвртокот на 528, од 420 колку ги имаше во средата, повеќето од нив во северниот дел од земјата. Досега 40 лица оздравеле, 37 во Ломбардија, и тројца претходно во Рим.

Новите случаи се забележани во четвртокот и во Шпанија, каде што едно лице е во „тешко состојба“, објавија властите кои трагаат по ткн „нулта пациент“ на шпанска почва. Во оваа земја од почетокот на епидемијата забележани се 17 случаи од кои само во понеделникот навечер 15.

Меѓу новите случаи две се во регионот на Мадрид, меѓу кои еден повозрасен маж кој веќе има други здравствени проблеми и е во тешка состојба. Тој не бил во странство, па се испитува од кого се заразил во Шпанија. Истиот случај е и со 62-годишен маж кај кого е потврден коронавирус во Севилја, кој исто така веројатно се заразил во земјата.

Два нови пациента се забележани и во Англија, со што вкупниот број зарзени во Велика Британија се зголеми на 15 пациенти. Тое се префрлени во спцецијални центри во Ливепрул и Лондон, објави министерството за здравство. Се заразиле додека престојувале во Италија и на Тенерифе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.