Во Италија повторно поголем број на починатите но најмалку на новозаразените од 13-ти март

ANSA/ANGELO CARCONI

Бројот на починатите од Covid-19 во Италија во вторникот се зголемил за 602 лица, но бројот на новозаразените е 2.972 луѓе, што е најмлку од 13-ти март.

Во понеделнијкот италијанските здравствени власти соопштија за 566 смртни случаи во последното деноноќие како последица од заразата со коронавируост, а во вторникот втор ден по рад се бележи раст на бројот на починатите.

Од друга страна, пак, во понеделникот имаше 3.153 новозаразени, додека во вторникот овој показател е помал за 181 пациент.

Вкупно од појавата на Covid-19 во февруари во Италија од оваа болест починале 21.067 лица, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита, што е вториот најголем број смртни исходи во светот по САД.

Бројот на службено потврдените случаи на заразата во вторникот достигна 162.488 лица, и е третата бројка зад САД и Шпанија.

Бројот на заболените кои се сместени на одделите за интензивна нега во италијанските болници паѓа 11-ти ден со ред и во вторникот ги имало 3.186, додека во понеделникот ги имаше 3.260 пациенти.

Вкупно за излекувани се сметаат 37.130 заразени, додека во понеделникот оваа бројка изнесуваше 35.435 луѓе.