
Во денешната рација на италијанската државна полиција, карабинерите и финансиската полиција во градот Козенца приведени се 202 осомничени членови и помагачи на мафијата Ндрангета.
Тие се уапсени под обвинение за членство во мафијашка организација, шверц на дрога, обложување измама и перење пари, меѓу другите обвиненија.
Според италијанските медиуми, меѓу приведените се и локални бизнисмени и политичари, вклучително и градоначалник и некои високи функционери.
Полицијата заплени недвижен имот и предмети во вредност од над 72 милиони евра.
Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, е една од најголемите италијанска мафијашка организација, која има доминантна улога во меѓународната трговија со дрога.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.