Во Италија разбиена мрежа за криумчарење мигранти од Грција

69

Италијанската полиција соопшти во четвртокот дека разбила мрежа криумчари на илегални мигранти кои десетици лица превезувала од Грција на југот на Италија.

Мрежата ја сочинувале две ќелии, италијанска којашто ја водел Италијанец и грчка на чиешто чело бил сириски Курд, се додава во сппштението.

„Мигрантите од матичната земја пристигнувале во Турција, од каде преминувале во Грција, каде ги дочекувале членовите на (криминалната) организација и ги сместувале во Атина во очекување да се натоварат на брод. Кога настапувало времето на поаѓање, мигрантите би ги носеле на брегот, повеќето на островот Крф, каде што престојувале во неименувани туристички објекти, а потоа би се качувале на брод за Италија, во околината на Саленто“, во покраината Апулија, на самата „потпетица“ на италијанската „чизма“, се додава во полициското соопштение.

Грчката ќелија на организацијата се занимавала со собирање на парите за патувањата меѓу мигрантите, „најмалку 6.000 евра по лица“, додава истиот извор.

Операцијата на грчките и италијанските служби за одржување на редот е спроведена во договор со Еуроџаст, европското тело за правосудна соработка. Во оваа операција се уапсени 99 илегални имигранти, идентификувани се 29 лица вмешани во криумчарењето луѓе од Грција во Италија и издадени се 13 налози за апсење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.