Во Италија уште 8 починати од коронавирусот, пораст на заразените во Европа и светот

ANSA/ANGELO CARCONI

Италија потврди дека бројот заразени лица во целата земја се искачи на 1.128 лица, пренесуваат агенциите во саботата и носат податоци за новозартазени во Европа и во светот.

Уште осум лица починале како последица од заразата со коронавирусот, објави италијанската Агенција за цивилна заштите, со што вкупниот број жртви се искачи на 29. Вкупниот број на позитивните на вирусот Covid-19, се зголемил на 240 лица ви последните 24 часа.

Шефот на Агенцијата за цивилна заштита изјави дека бројот на потврдените случаи на заразата се зголемил во Италија на 1.128 лица, вклучително 50-те лица кои оздравеле и 29-те кои починале.

Кина, каде што избувна епидемијата, е регистриан пад на заразените лица. Од петокот во 18 часот до саботата во 18 часот по средноевропско време регистрирани со 427 нови случаи на зараза и 47 почината. Во Кина вкупно е регистрина 79.251 случај на заразата, а од тоа починале 2.835 лица.

Иран има потврден најголем број почината надвор од Кина, вкупно 43, а бројот заразени се зголеми на 592 лица, објави иранскот министерство за здравсто, кое го повика населението да го ограничи движењето надвор од своите домови.

Јужна Кореја, исто така, се справува со голем број заразени. Регистрирани се 813 нови случаи со што вкупниот број се искачи на 3.150, а починале 17 лица.

Во Јапонија заразени се повеќе од 700 лица, а станува збор за патјници на крузерот „ Diamond Princess“ кој долго време беше вкутвен во присаништето во Јукохама, на кој беа и двајца македонски државјани.

Во Норвешка бројот на заразените лица се зголемил на вкупно 15, а бројот се зголеми откако заразата е дијагностицирана кај тројца медицински работници во Универзитетската болница во Осло, а уште четири нови случаи се регистрирани во градот Берген.

Франција во саботата ги забрани јавните собири кои надминуваат 5.000 луѓе, и пријави нови 16 случаи на зараза со што вкупно се потврдени 73 заразени, од кои две лица починаа.

Бројот на заразените во Велика Британија се зголеми на 23 пациенти, а едно лице почина откако се заразило на крузерот во Јокохама.

Еквадор во саботата го потврди првиот случај на зараза со коронавирус, а станува збор за повозрасна жена, коај во татковината се вратила од Шпанија со директен лет од Мадрид. Таа е згрижена на оддел за интензивна нега, изјави министерката за здравство, Каталина Андрамуно.

Бразил претходно седмицава го потврди првиот случај, и тоа беше првиот потврден случај на зараза со коронавирусот во Латинска Америка.

Катар, исто така, во саботата го потврди првиот случај на коронавирус. Пакистан потврди два нови случаи во саботата, со што вкупниот број позитивни на коронавирус од средата се зголемил на четири.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), кои се дополнуваат од час во час, со коронавирус во светот се заразени 85,919 луѓе. Според статистиката која ја води агенцијата AFP повикувајќи се на соопштенија на националните влади, досега починло 2.941 лица во 61 држава и териротија во светот.