Во Италија повик на референдум и за план Б за еврото

Италија би требала да има „План Б“ за излегување од еврозоната доколку тоа го бараат економските состојби, изјави во петокот основачот на Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) коешто учествува во власта, сатиричарот Бепе Грило, што веднаш ги потресе финансиските пазари.

Основачот на антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди, Бепе Грило, не извршува никакви должности и функции во коалицијата со десната партија Лига, која е протидоселеничка и има поблаг став во однос на еврозоната. Меѓутоа, авторитетот и влијанието на Грило иако има мала улога во секојдневното водење на Движењето, како што забележуваат италијанските медиуми, може да поттикне нови сомнежи во врска со италијанското излегување од зоната на единствената европска валута.

„Мора да се има план Б“, истакна Грило во разговорот за Gzero Media, којашто е филијала на компанијата за процени на ризикот Eurasia Group. Додаде дека Италија сѐ уште не подготвила никаков кризен план и дека Италијанците на референдум би требало да одлучат дали сакаат да го напуштат еврото.

Премиерот Џузепе Конте и министерот за економија Џовани Триа, коишто порано беа препознатливи по критиките за еврото, претходно изјавуваа дека актуелната влада на М5Ѕ и Лига нема намера да ја повлече земјата од еврозоната. И Триа е критичен во однос на управување со економијата на ЕУ, но не заговараше во минатото „план Б“, односно подготовка на Италија за моќно излегување од зоната на заедничната европска валута.

„Сигурен сум дека Германија и Франција имаат план Б. Не велам дека треба да го напуштиме еврото без јавна расправа, но мораме да му дозволиме на италијанскиот народ да реши за тоа на референдум“, вели Грило споменувајќи ги двете најголеми економии во еврозоната.

Паоло Савона, сега министер за европски прашања, мораше да се повлече од должноста министер за финансии, откако претседателот Серџо Матарела одби да го додели мандатот за состав на владата поради неговите изјавите за неопходност од изработка на ваков план.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.