Во Италија запленети 1,2 тони марихуана од Албанија

Италијанската полиција уапсила двајца албански државјани, кои со моторен чамец во правец на италјанскиот брег  транспортирале 1,2 тони марихуана.

Италијанската поморска патрола во акцијата била  потпомогната и од полициски хеликоптер.

Истрагата за вмешаност на други лица се проширува  и во Албанија.

Грчката полиција, пак ,во акција во близина на  грчко-албанската граница заплени 110 килограми марихуана, спакувана  во 25 пакетчиња.

Во акцијата се уаспени двајца грчки државјани на возраст  од 22 и 24 години, кои, според првичните истражни дејствија  само ја транспортирале дрогата за двајца албански „нарко  газди“, чиј идентитет, во интерес на истрагата, не се  соопштува.