Во Израел најдено цело кокошкино јајце старо 1.000 години

58

Израелските археолози во текот на научните ископувања во градот Јавне пронашле негибнато јајце од кокошка старо околу илјада години, кои се смета за едно од најстарите досега откриени во светото, соопшти израелската Управа за древности (IAA).

„Станува збор за многу ретко откритие и во Израел и во Светот. Пронаоѓањето на парчиња од лушпи на јајца секогаш ни претставуваат интересно откритие кога работиме на ископувањата, но релативно е вообичаено, ама наоѓање цело јајце навистина е единствен настан“, изјавила д-р Пери Гал од Израелската управа за дрвности, пренесува весникот The Jerusalem Post.

Јајцето е пронајдено во областа којашто датира од византискиот период, односно од IV до VIII век по Христа. Фрагменти од лушпи на јајца од претходните период се откриени во Градот на Давид во Ерусалим и во областите Каесарија и Аполонија.

„Имајќи предвид дека е напукнато, поголемиот дел од содржината истекла, но се сочивал дел од жолчката што ќе ни овозможи натамошни истражувања“, додава Гал.

Раскажува дека таа и нејзините коелги археолози во рамките на наоѓалиштето откриле септичка јама од исламскиот период, и дека доста се изненадиле кога таму го забележале необичниот предмет.

„Одличната зачуваност на јајцето веројатно е последица на условите во кои лежело со векови, заштитено во септичката јама со мек човеков отпад. Тоа всушност и го зачувало толку добро“, изјавила директорката на археолошкиот локалитет, Ала Нагорски.

„Дури и денес јајцата ретко долго опстануваат во картонските пакувања во супермаркетите. Неверојатно е и да се помисли дека станува збор за откритие старо илјада години“, додава Негорски, која е археолог на Управата за древности (IAA).

„Кокошките во подрачјето на југоисточна Азија се припитомени релативно неодамна, пред околу 6.000 години, но изминало доста време додека станале дел од исхраната на луѓето. Ги користеле за други цели, на пример за борби на петли. Имајќи предвид дека се сметале за атрактивни животни, ги изложувале во древните зоолошки граини и им ги подарувале на кралевите“, раскажува Гал.

Јајцето пронајдено во градот Јавне дополнително напукнало и се скршило откако е извадено од местото на коешто е откриено, но набрзо е вратено во првобитната состојба во лабораторијата на IAA.

Уникатното јајце археолозите го откриле во рамките на проектот за изградба на нова гратска населб, а во согласност со израелските закони пред почетокот на каква и да е градежна активност неопходно е да се извршат дополнителни археолошки истражувања и да се заштитат откритијата на ископините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.