Во израелски напади во Газа убиени 12 лица, вклучително и четири деца и тројца милитанти

Во израелски напад врз палестинската енклава Појасот Газа во вторникот убиени се тројца истакнати команданти на милитантната групација Исламски џихад и најмалку девет цивили од кои четири се деца, соопштија палестинските функционери, а израелската војска соопшти дека извела напад врз милитантната група.

Воздушните удари се најновиот инцидент во повеќе од една година растечкото насилство кое доведе до повторувани израелски воени напади и ескалација на насилствата на доселениците на палестинската енклава Западен брег, во екот на низата палестински улични напади врз Израелци.

Минатата седмица беше забележана прекугранична размена на огнот, откако во израелски затвор по штрајк со глад почина припадник на Исламски џихад.

Израелската војска соопшти дека цел ѝ биле тројца високо позициониран команданти на Исламски џихад, втората најмоќна вооружена групација во блокираната крајбрежна енклава, којашто од 2007 година ја контролира исламското милитантно движење Хамас.

„Секој терорист кој ќе им наштети на израелските граѓани ќе биде натеран да зажали“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант.

Израелската војска, содествувајќи со разузнавачката служба Шин Бет, го целела водството на Исламски џихад во Газа во „прецизна операција“, додаде министерот Галант.

Израелската војска објави дека дури 40 борбени авиони учествувале во последните напади во Газа.

Здравствен функционер во Газа за Reuters изјавил дека се убиени најмалку 12 лица и дека се ранети уште 20 луѓе во воздушните напади кои погодиле станбени области во густо населената енклава во која живеат 2,3 милиони Палестинци на територија од 365 квадратни километри.

Портпаролот на израелската војска изјавил дека се проучуваат извештаите за цивилните жртви, но не ги коментирал.

„Свесни сме за некои колатерални жртви и ќе дознаеме повеќе во текот на денот“, рекол воениот портпарол на брифингот со новинарите.

Вооруженото крило на Исламски џихад ја потврди смртта на своите три воени команданти додавајќи „Нема да ги напуштиме нашите позиции и отпорот ќе продолжи, ако Господ даде“.