Во јануари 18,7 отсто повеќе патници на двата македонските аеродрома

Бројот на превезени патници на двата аеродроми во Република Македонија во континуитет бележи раст, информираат од министерството за транспорт и врски.

Според објавените податоци во јануари 2018 година од двата аеродрома превезени се вкупно 151.381 патник, што претставува зголемување за 18,7 отсто споредено со јануари 2017 година.

 На скопскиот аеродром, во месец јануари годинава регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со истиот месец лани, кога биле превезени 123.118 патници, е зголемување од 18,3 отсто.

На аеродромот „Свето Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени патници за месец јануари е зголемен за 30,8 проценти во однос на бројот на патници во истиот период лани.

Co соопштението на Министерството за транспорт и врски стои дека и натаму посветено работат кон создавање на широка мрежа дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија.