Во јануари најмногу поскапеле зеленчукот и овошјето

овошјето

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 отсто, свежото и разладеното овошје за 3,4 отсто, млекото за 1,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 отсто, другите прехранбени производи за
0,8 отсто, сирењето и урдата за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 отсто, безалкохолните пијалоци за 0,4 отсто, лебот и месото за 0,3 отсто, јајцата и алкохолните пијалоци за 0,2 отсто.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9,1 отсто, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 7 отсто, информатичката опрема за 6,4 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 6,2 отсто, услугите за сместување за 4,9 отсто, гасот за домаќинствата и патниот сообраќај за 3,9 отсто, автомобилите за 3,7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 2,7 отсто, теписите и другите покривки за под за 1,5 отсто, телефонските и телефакс услугите за 0,8 отсто, алатите и опремата за куќа и градина за 0,7 отсто, угостителските услуги за 0,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,5 отсто, мебелот за 0,4 отсто, облеката и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1,3 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,6 отсто, јогуртот, замрзнатото овошје и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5,7 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 5,4  отсто, телефонската и телефакс опремата за 3,4 отсто, обувките за 1,7 отсто, лековите за 0,6 отсто и услугите за лична хигиена за 0,2 отсто.