Во јануари потрошени 946.302 мегават часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 946 302 мегават часови електрична енергија, 28.773 мил. кубни метри природен гас, 662 370 тони јаглен и 57 518 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61.1 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека домашното производство на лигнит учествува со 97.6 отсто во вкупната потрошувачка на јаглени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.