Во јануари повик за користење средства од ИПАРД Програмата

ипард

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020  од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во  материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и    диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.